Вардар покажа кој е шампион, директно во четврт-финале во СЕХА

Со победата на гостувањето во Нови Сад против Војводина од 35:33 екипата на Вардар успеа да освои значајни бодови и на тој начин да се најде веќе во четврт-финалето од СЕХА лигата која годинава се игра во поинаков формат од вообичаеното.

Вардар се наоѓа на првото место со 21 поен со што има три повеќе од второпласираниот Мотор Запорожје и девет повеќе од Војводина. Ова е најава за убаво продолжение на сезоната така што сега останува в понеделник да биде заверено и првото место на дуелот против тимот од Украина.

„Црвено-црните“ се во променлива форма, но вчера успеаја да најдат начин да се изборат за триумф така што дојдоа до важни бодови така што ќе ја скокнат прва рунда од елиминациите во СЕХА во 2020 година, па ќе го чекаат ривалот за во четврт-финалето.

Засега другите не се уште сигурни околу пласманот во четврт-финалето бидејќи имаат уште шанси повеќе екипи така што Вардар е првиот и досега единствениот директен патник во четврт-финалето во СЕХА сезонава.