Вардар му врати на Мотор, но не успеа да запечати со камата

Ракометарите на Вардар се рехабилитираа за поразот од Нексе пред два дена откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ дојдоа до триумф против Мотор Запорожје со 32:27.

Во натпревар во кој вардарци беа во предност во текот на целата средба прашање беше само разликата. Од почетокот на средбата Вардар наметна свое темпо и игра сосема поинаква од онаа што можеше да се види во средата. Се играше сосема поинаку и во нападот имаше повеќе идеја што резултираше со постојано зголемување на предноста.

После десет минути игра беше 7:5, a во следните десет беа обезбедени дополнителни два гола на позитивата и резултатот беше 11:7. Гостите од Украина беа далеку од она што го одиграа на првиот дуел против Вардар, па таквата игра носеше многу повеќе шанса за Вардар така што на полувреме се замина со 18:13, а во првиот дел најголемото водство беше плус шест.

Првите десет минути од второто полувреме Вардар ги мина со игра 7 на 6, а тоа донесе стабилизирање на разликата. Постојано беше 4-5 гола што даваше стабилност во играта.

Ова овозможи и во продолжение од средбата да се оди со уште посилно темпо, па како одминуваше времето така стануваше сè појасно дека Вардар ќе нема поголем проблем за висока победа.

Првпат се дојде и до плус седум на шест минути до крајот кога вардарци поведоа со 31:24. Сепак, не се идржа до крајот за да се врати идентично а поразот од 23:30 на првиот дуел. Вака разликата на крајот беше 32:27 така што ќе има многу математика до крајот на групната фаза.

19 март 2021
32 - 27
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
19 март 2021 21:49 СЕХА ЛИГА Б 2020/2021 19.03.2021 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19611832Победа
МОТОР1327Пораз

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
2Васко Шеваљевиќлев бек12
4Томислав Јагуриновскидесен бек00
5Стојанче Стоиловпивот04
9Гоце Георгиевскидесно крило16
11Мартин Карапалевскицентрален бек00
15Кристијан Дисингерлев бек02
21Глеб Каларашпивот11
24Анте Гаџацентрален бек08
27Иван Чупиќдесно крило03
31Тимур Дибировлево крило06
44Јосип Векиќдесен бек10
55Стефан Атанасовскипивот00
97Марко Мишевскилев бек00
98Марко Кизиќголман00
28Филип Талескилев бек00
 Вкупно 432

МОТОР

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Јури Кубацкодесно крило02
6Максим Бабичевпивот01
7Ајденас Маласинскасцентрален бек05
10Барис Пухоускицентрален бек02
11Захар Денисовлево крило01
17Игор Турченколев бек02
18Карлос Молина-00
19Едуард Кравченкодесно крило00
22Владислав Донцовдесен бек05
25Павло Гурковскипивот10
27Иван Бурзакпивот01
28Максим Вјуникголман01
31Александар Касаилево крило01
35Тарас Миноцкидесен бек10
55Генадиј Комокголман00
74Вјачеслав Боканпивот16
 Вкупно 327

СЕХА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВОЈВОДИНА00000
2НЕКСЕ00000