Вардар губи на полувреме и во Унгарија, има минус пет против Веспрем

Ракометарите на Вардар имаат негатива од пет гола после првите 30 минути и резултат од 15:20 така што нема ништо непредвидено на овој дуел и тешко ќе може да се дојде до некакво изненадување.

Од почетокот на средбата се виде дека домашните се решени и на овој дуел да се борат за триумф и брзо ставија до знаење дека на овој дуел се исто така пред нова висока победа.

Вардар беше рамноправен до 8. минута кога резултатот беше 6:6, а потоа следуваа грешки кои беа казнети. Премногу лесно противникот доаѓаше до погодок, а тоа влијаеше и на играта. Многу бавно се враќаа назад после грешките што само ја олесни работата на Веспрем.

Веќе на средината на полувремето беше 10:7, а потоа откако вардарци намалија на еден погодок, Веспрем брзо дојде до плус три. Во 22. минута резултатот беше 15:10 и тука веќе немаше дилема дека на полувреме водството за Веспрем ќе биде високо.

Во обид да се дојде до повеќе простор за шут и акциите да завршат со гол се играше и без голман, па тоа ја олесни задачата за Веспрем. овој тим дојде и до плус шест, 20:14, но на одмор се замина со 20:15.

После првите 30 минути Нилсон има четири гола, а Шишкарев, Јахја и Ненадиќ погодија по трипати. Во Вардар Иван Чупиќ погоди четирипати, додека Стоилов беше стрелец на три гола.