Вардар ги потврди Хрватите: Гаџа потпиша на две, а џинот Векиќ на четири години (ФОТО)

Европскиот шампион Вардар ги потврди двете најавени засилувања од хрватскиот првак Загреб.

Средниот бек Анте Гаџа потпиша договор на две сезони и ќе има тешка задача да го замени словенечкиот плејмејкер Сташ Скубе.

Десниот бек Јосип Векиќ се обврза на четири годишна верност и од него се очекува да биде главниот столб во одбраната.

Вардар ќе ги започне подготовките на 18 јули, а во план е учество на турнирите во Струга и Кањижа пред стартот на СЕХА лигата и Лигата на шампионите.

Ова лето Вардар се засили и со Кантегрел, Талески, Георгиевски, Јотиќ, Валчак и Вујин.