Вардарци два пати дома со Металопластика ќе се борат за четвртфинале во СЕХА

Сезоната во СЕХА лигата ќе заврши со осминафиналните дуели меѓу Вардар и Металопластика. Победникот од тој двомеч ќе се пласира во четвртфиналето на СЕХА лигата чии дуели дополнително ќе бидат закажани, но ќе се играат во август.

Вардар и Металопластика се договорија своите две средби од осминафиналето да ги одиграат во Скопје, на 7 и 8 јуни.

Првата средба е закажана за 7 јуни со почеток во 17:30 часот. Следниот ден, на 8 јуни ќе се игра и вториот меч, повторно во 17:30 часот.

Тоа ќе бидат и последни средби за Вардар сезонава бидејќи претходно планирано е домашното првенство да заврши на 3 јуни.