Вардарецот Чувара најефикасен против Мароко во триумфот на Полска

 

Репрезнтативецот на Полска и член на Вардар Јан Чувара со 10 постигнати голови беше најефикасен во победата на неговата репрезентација во дуелот со Мароко – 30:23 (17:11). Ова за Полска е втора победа на „Новогодишниот турнир“ што се игра во Катовице. Ко-домаќинот на Мундијалот Полска имаше водство во текот на целиот натпревар со што оваа селекција „ја темпира“ формата за првиот дуел против Франција.

Во вториот натпревар од 2.коло на овој турнир вечерва играат Белгија и Иран.

Прва победа на турнирот од „Златната лига“ што се игра во Норвешка постигна репрезентацијата на Бразил, која со 27:22 славеше над САД. „Кариоките“ го контролираа резултатот во најголемиот дел од натпреварот, а Американците единственото водство го имаа во првиот дел (9:8).

Во вториот дуел од првото коло на овој турнир првиот ривал на Македонија, селекцијата на Норвешка ќе игра против Португалија.