Валтер: Тажен и разочаран сум, промашувавме во одлучувачките моменти

Еурофарм Пелистер загуби од Мотор Запорожје на домашен терен со 27-25 и ги заврши настапите во Европа за оваа сезона.

Тренерот Ларс Валтер вели дека промашените шанси во одлучувачките моменти биле пресудни за поразот.

„Честитки за Мотор. Благодарност до публиката која направи одлична атмосфера. Тажен и разочаран сум од конечниот резултат, но промашивме многу ситуации во одлучувачките моменти. За разлика од нас, тие погодуваа во таквите моменти. Ова беше таков тип на натпревар и мислам дека тоа беше пресудно“, вели Валтер.

На битолчани им останува да се посветат на домашните обврски и оние во регионалната СЕХА лига.

Заврши европската сезона за Еурофарм Пелистер!

Пешевски: Треба да се освестиме што побрзо!