Бундес лигата пред празни трибини до крајот на октомври!

Германските власти официјално забранија собири во затворен простор до крајот на месец октомври. Таа забрана се однесува на сите спортови во сала, кои ќе се најдат во големи проблеми.

Ваквата одлука наиде на големи критики и остри реакции на клубовите, бидејќи главниот приход го обезбедуваат од продажба на влезници.

Според планот, Бундес лигата треба да почне на 1 октомври, а клубовите планираа тоа да биде со публика, но во ограничен број. Дали оваа одлука ќе го промени терминот за старт, останува да видиме. Ракометната Бундес лига е најгледана од сите спортови во сала во Германија, а процентот во буџетот на клубовите од продажба на влезниците е повисок од 50%.

Пред неколку дена канцеларката Ангела Меркел побара забраната за публика на спортски настани да биде до крајот на годината, но останува до 31 октомври. Засега не е во опасност одржувањето на завршниот турнир во Лигата на шампионите, кој е закажан во Келн на 28 и 29 декември.

Германската Влада одлучува – дали Вардар ќе владее со Европа до јуни следната година