Брутален старт: Начевски и Николов доделија црвен картон по 45 секунди игра (ВИДЕО)

 

Репрезентацијата на Португалија во последното, трето коло, од групната фаза на Светското првенство 2023 запиша убедлива победа над Унгарија со седум гола разлиа, 27:20.

Правдата на овој натпревар ја делеше најдобрата македонска судиска двоја, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Уште во 45 секунда, судиите од Македонија мораа да реагираат и да поделат црвен картон на теренот.

Имено, репрезентативецот на Унгарија, Адријан Сипос направи старт по кој заработи заслужен црвен картон на стартот од дуелот.

Додека противничкиот ракометар Франциско Коста беше во налет кон голот на Унгарија, Сипос влезе грубо во дуелот и го удри со лакт младиот ракометар на Португалија, па сосема исправна беше одлуката на Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои дефанзивецот на Унгарија го испратија на трибини.

Португалија со победа над Унгарија до првото место во групата Д