Брестовац објави поширок список – познато е со кои ракометари ќе бркаме ЕП! (ФОТО)

Селекторот на машката ракометна репрезентација Данило Брестовац, го објави поширокиот список на ракометари пред стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство во Унгарија и Словачка во 2022 година.

На списокот од 35 ракометари се наоѓаат стандардните имиња, кои и досега ги гледавме на големите натпреварувања и квалификациите.

Скратениот список ќе биде објавен деновиве, а селекторот Брестовац првиот собир го планира за 30 октомври, но тогаш нема да бидат присутни сите повикани ракометари

Македонија првиот квалификациски натпревар го игра на 4 ноември со Финска од 20:00 часот во Скопје, додека во вториот ќе гостува кај Швајцарија во гратчето Цуг на 7 ноември од 18:30 часот.