Брестовац го освежи составот: Кадети и младинци на контрола во сениорскиот тим

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац ги соопшти имињата на ракометарите на кои ќе смета за ЕХФ неделата во која ќе има и две контролни средби со селекциите на Турција и на Грузија.

Брестовац вклучи многу млади ракометари меѓу кои се наоѓаат и дел од играчите кои играа за кадетската селекција на Мундијалот кој се одржа летово во Скопје.

Повикани се вкупно 23 ракометари, а нема дел од играчите кои досега беа стандардни. Сепак, ова е можност некои од нив да бидат проверени и да се наметнат за настап на следното Европско првенство.

Инаку, ЕХФ неделата ќе биде од 21 до 27 октомври.