„Босанскиот Кристопанс“ доаѓа покрај езерото – Мехиќ од „втора“ во Струга

Тимот на Струга во новата сезона веројатно ќе смета на услугите на босанскиот интернационалец Дино Мехиќ.

Тој требаше лани летоска да потпише со стружани, но поради проблеми со документите, сепак остана во босанскиот тим Слобода Тузла.

21-годишниот Мехиќ, има одлични физички предиспозиции (207/87) и босанските медиуми го споредуваат со Даинис Кристопанс.

Мехиќ ќе биде замената за црногорскиот интернационалец Вук Лакичевиќ, кој замина во швајцарскиот Сент Гален.

Екипата на Наум Танески веќе ги започна подготовките за новата сезона, заедно со двете засилувања Блажески и Јанковски, а Мехиќ, како и уште неколку нови ракометари ќе му се приклучат на тимот следната недела.

Стружани освен на турнирот на кој се домаќини, пред стартот на Суперлигата ќе настапат и на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.