Богата награда за Корејките доколку освојат злато во Токио

Репрезентативките на Јужна Кореја имаат убав мотив за да дадат максимум на Олимписките игри бидејќи во случај да дојдат до златниот медал ќе имаат навистина убава награда која ќе изнесува околу 87.000 долари по ракометарка.

Ова е наградата одредена за секој спортист од Кореја кој ќе дојде до златниот медал, па за секоја од ракометарките ова ќе биде одличен бонус.

За сребрен медал наградата е 43,5 илјади долари, а бронза 26.000 долари, а за влез во полуфиналето 8,7 илјади долари.

За самиот пласман на Олимписките игри секој спортист од Кореја доби по 8,7 илјади долари.