Блесок на Јанеска, турскиот првак падна пред Коњалти!

Тимот на Коњалти, каде што играат двете македонски репрезентативки Ивана Гакидова и Моника Јанеска, ја продолжува трката по титулата во Турција.

Коњалти славеше со 33-32 на теренот на актуелниот шампион Кастамону, иако на паузата губеше со шест гола разлика, 18-12.

На теренот блескаше Моника Јанеска со 12 гола, додека Гакидова беше стрелец на еден погодок на мечот.

Со овој триумф Коњалти Анталија намали на 2-1 во победи, па ќе има шанса на 7 јуни со нова победа да ја однесе серијата во петти натпревар, односно мајсторка за титулата.