Битолчани ги пуштија билетите во продажба: Гледајте Еурофарм Пелистер – Архус за 250 денари

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер ги информираше своите фанови дека утре напладне ќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот меѓу битолскиот тим и Архус.

Избраниците на Ларс Валтер на 25 октомври во спортската сала „Боро Чурлевски“ во натпревар од првото коло во Лига на Европа ќе го пречекаат составот на Архус и ќе се обидат со победа да ја започнат европската авантура.

Цената на билетите за натпреварот со тимот од Данска е 250 денари. Пелистерци сигурно ќе имаат голема поддршка од трибините, кои секогаш се исполнети до последното место за европските натпревари.

Минатата сезона Еурофарм Пелистер во второто по ранг европско натпреварување стигна до осминафиналето и не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето.