Беше селектор на ЕП, а сега ќе биде играч!

Црногорскиот селектор Зоран Рогановиќ е легенда во Шведска, најдобар стрелец во лигата, најпознат странец…Сега е тренер на Ескилстуна Гуиф, екипа што се бори за опстанок во елитната шведска конкуренција.

Во таа битка, Рогановиќ би можел да им помогне на неговите играчи. Иако има 42 годиниа, сепак тој веќе е пријавен како тренер-играч.

„Тоа не значи дека ќе играм, но само сакаме да бидеме сигурни. Завршува преодниот рок и може да имаме проблеми со повреди. Сега сме без три леви бекови, не сакаме истата ситуација да се повтори и на десната страна“, изјави Рогановиќ.

Селекторот на Црна Гора, покрај за шведските Лунд, Малме и Луги, играше и за европскиот шампион Вардар.