Без Лејно, Лакрабер, Дембеле…познат списокот на Франција за Мундијалот (ФОТО)

Репрезентацијата на Франција која важи за еден од фаворитите за освојување на Светското првенство во Шпанија, на светскиот мундијал ќе настапи без неколку главни ракометарки кои на минатите првенства беа носители на француската игра.

Во составот на Оливие Крумболц нема да ги има трите поранешни ракометарки на Вардар, Амандин Лејно, Сираба Дембеле и Александра Лакрабер.

Сите три споменати ракометарки ставија крај на својата репрезентативна кариера и во понатамошниот тек ќе се посветат само на клупски настапи.

Сепак, и покрај отсуството на Лејно, Дембеле и Лакрабер, олимпискиот првак од Токио има силен ростер, но исто така и лесна група во првата фаза бидејќи за противници ги има репрезентациите на Црна Гора, Ангола и Словенија во рамките од Групата А.

Светското првенство во Шпанија започнува на 1 декември.