Барса не дозволува изненадување, се врати на врвот во Групата А

Екипата на Алборг која долго беше во предност во Групата А во Лигата на шампионите претрпе нов пораз овој пат на домашен терен од составот на Барселона на домашен терен со 30:34. Гостите покажаа многу повеќе на теренот и сосема очекувано обезбедија два бода од овој дуел така што сè мина во знакот на очекувањата.

Се работеше за интересна средба во која првото полувреме заврши со минимални 15:14 во корист на составот на Барселона. Каталонците имаа подобра игра, но им требаше многу за да го скршат отпорот на тимот на Алборг така што дури во второто полувреме успеаја да се изборат за четири плус и победа од 34:30.

Лука Циндриќ беше еден од играчите на одлука, а тој имаше седум погодоци исто како и капитенот Виктор Томас. Со девет гола најефикасен беше Гомез Абељо. Кај поразените Јенсен беше најефикасен со шест гола.

Целје и Загреб во Групата А исто така одиграа интересен натпревар на кој домашните славеа со 24:22, а Ненад Костески не доби шанса и остана без голови. Пик Сегед го надигра Елверум со 32:25.