Барса не го сака, ќе остане во Висла Плоцк

Полскиот вицепрвак, Висла Плоцк, реши да го задржи репрезентативецот на Шпанија, Абел Сердио за уште три сезони односно до 2023 година.

Шпанскиот кружен напаѓач го засили тимот на Висла Плоцк оваа сезона и дојде како позајмен ракометар од Барселона. Според условите на тековниот договор и двата клубови без никакви проблеми се договорија Шпанецот да остане во полскиот клуб.

„Договорот меѓу нашиот клуб и Барселона беше структуриран на таков начин што во првата година Абел ќе беше позајмен ракометар во нашите редови, а потоа требаше да се врати повторно во Барселона. Шпанскиот клуб не ја искористи таа опција“, изјави спортскиот директор на Висла Плоцк, Адам Вишњевски.

26-годишниот ракометар од Шпанија за екипата на Висла Плоцк до овој момент има одиграно 11 натпревари и постигнато 25 голови.

Сердио ќе игра на двата меча против Металург од Лигата на Европа на 14 и 16 февруари.