Барса и Порто ја водат листата, имаат десет играчи во Токио – еден има и Вардар

Екипата на Вардар има свој претставник на Олимписките игри во Токио, а тоа е новиот ракометар Едуардо Гурбиндо, кој ќе пристигне во Скопје после завршувањето на игрите. Десниот бек од Шпанија си најде место во олимпискиот состав на „фуријата“ така што се наоѓа меѓу олимпијците.

Свој олимпиец можеше да има и тимот на Еурофарм Пелистер, но голманот Карим Хендави ја напушти Битола во текот на ова лето.

Најмногу ракометари во Токио имаат екипите на Барселона и Порто кои имаат по десет ракометари. Зад нив со девет е ПСЖ, додека по осуммина имаат Флензбург, Ал Наџма и Замалек.

Листата на тимови е долга и има дури 75 од 17 различни земји.

КЛУБОВИ СО НАЈМНОГУ РАКОМЕТАРИ НА ОИ

ТОП 10

10 – Барселона (Шпанија)

10 – Порто (Португалија)

9 – ПСЖ (Франција)

8 – Флензбург (Германија)

8 – Ал Наџма (Бахреин)

8 – Замалек (Египет)

7 – Монеплје (Франција)

6 – Алборг (Данска)

6 – Кил (Германија)

6 – Мелзунген (Германија)

6 – Куенка (Шпанија)