Балиќ и Китиќ веќе не се „важат“, ИХФ повторно избира најдобри на сите времиња?! (ФОТО)

Светската ракометна федерација на својот Твитер профил објави анкета во којa ги повикува фановите да изберат најдобра постава во машка и женска конкуренција и тренер.

Пред десетина години исто така преку анкета ИХФ за најдобри ги прогласи Хрватот, Ивано Балиќ и Светлана Китиќ според изборот на фановите.

Изборот беше за најдобрите на сите времиња, но сепак сега ИХФ повторно организира нов избор за најдобри. Ако веќе се прогласени најдобрите на сите времиња, која е логиката да има нов избор.

Овојпат ракометните фанови ширум светот имаат можност да состават најдобар машки и најдобар женски тим посебноно или еден тим со измешан состав од најдобрите ракометари и ракометарки и најдобар тренер.