Балиќ има фаворит за игрите во Токио, но тоа не е Хрватска

Ракометарот кој ја предводеше Хрватска до златните медали на Светското првенство во 2003 година во Португалија и златото на Олимписките игри во Атина во 2004 година, Ивано Балиќ го одбра својот фавори за Олимпијадата во Токио.

Со оглед на тоа што игрите се одложени до следното лето има уште многу за подготовка и менување, но сосема извесно е дека една селекција држи континуитет и според Балиќ таа ќе биде прв фаворит.

„Најголеми фаворити за освојување на златниот медал е Шпанија. Оваа репрезентација работи многу добро со млади ракометари и има многу талентиран состав. Најважно од сè е да се има цел, а тие дефинитивно ја имаат. Сè друго може да се прилагоди“, вели Балиќ.

Хрватите ќе мора прво да се пласираат на игрите бидејќи тие ќе мораат низ квалификации да дојдат до место во Токио.