Балиќ беше виртуоз на теренот, но според него најдобар е легендарниот Французин

Легендата на хрватскиот ракомет, Ивано Балиќ рано се повлече од играњето за репрезентацијата, но секога е во центарот на вниманието.

Со неговите потези ги доведуваше до лудило противничките ракометари, но вели дека имало и подобри од него на теренот и пред тој да почне да игра.

„Најдобриот играч што сум го бидел на теренот беше Џексон Ричардсон. Тој беше многу сличен на мојата игра, но беше едноставно неверојатен“, коментира Балиќ.

Тој ја предводеше Хрватска до првото злато на Светските првенства во 2003 година кога тргна златната ера на ракометот во оваа земја во која беше освоено и злато на Олимписките игри во 2004 година, како и уште голем број на трофеи.

Во моментов Балиќ има 41 година.