ЕП 2020: Арбитрите ќе имаат „асистент“ и на ЕП во Данска

За време на Европското првенство во Данска во женска конкуренција кое стартува денеска официјалните лица ќе имаат можност за асистенција во видео технологијата.

Според информациите судиите ќе можат да ја прегледуваат снимката за да утврдат дали топката ја поминала гол линијата, но и да утврдат дали имало премногу груба игра.

Покрај тоа видео технологијата ќе може да ја користат и делегатите и тоа во ситуација кога ќе сакаат да проверат дали била направена добра замена и да се утврди дали било правилно управувано времето.

Ова ќе биде трето првенство на кое официјалните лица ќе имаат асистенција во видео технологијата, а веќе станува практика на големите натпреварувања да има користење на помош со прегледување на видео снимките.