Антиќ и Скара близу до врвот во Шведска, пораз за Мишевска и Боден

Тимот на Скара, чиј гол го брани македонската репрезентативка Наташа Антиќ, славеше на натпреварот од 10 коло во шведскиот шампионат.

Скара победи на домашен терен против Онередс со 28-24, и сега има 12 бодови, шест помалку од  лидерот Хор, на кој ќе му гостува во следното коло.

Составот на Боден, пак каде што настапуваат Стефанија Мишевска и Андреа Белеска загуби со минимални 18-19 на домашен терен од Содер и остана во зоната за плеј-аут.

Мишевска имаше минутажа во дефанзивата, додека Белеска беше стрелец само на еден гол.