Ана Сен: Среќна сум, сега можам да го гледам мојот син како расте

Ракометарката на Ростов Дон и репрезентативка на Русија, Ана Сен објасни како се чувствува за време на карантинот односно како поминуваат нејзините денови.

Taa за рускиот „Брз Центар“ го објасни просецот кој го поминува видејќи и покрај тоа што нема тренинзи со колешките мора да работи.

„Имаме своја програма за работа, споед која секојдневно работиме. Покрај тоа во нашата група постојано сме во контакт со колешките и со тренерите за натамошниот тек на тренинзите“, вели Ана Сен.

Покрај тоа вели дека има доволно време речиси за сè и дека сега добила можност за семејството.

„Деновите главно одат вака: се будам, правам појадок, тренирам, вечерам… Се обидувам колку е можно повеќе да комуницирам со мојот син и со семејството. Среќа е да го гледате како расте вашето дете. Се разбира сега сум многу повеќе ангажирана на домашните обврски на кои порано никако не успевав да се посветам“, изјави Сен.

Таа со Ростов Дон се пласираше во четврт-финалето од Лигата на шампионите каде што треба да се соочи со тимот на Брест.