АНАЛИЗА: Унгарија го живее својот евро-сон

Шест групи за шест поранешни селектори на Македонија. Актуелниот тренер на Татабања, Драган Ѓукиќ е добро познат стратег во Македонија бидејќи пред повеќе од 15 години во својата тренерска кариера работеше и во редовите на актуелниот шампион на Македонија и двократен освојувач на Лигата на шампионите. Во периодот додека беше на клупата на Вардар, тој беше и селектор на Македонија така што добро знае каков беше развојот на репрезентацијата. Ѓукиќ во кариерата беше на клупата и на дел од други репрезентации, а ја предводеше и Црна Гора на Европското првенство во 2018 година. Беше тренер и во Португалија, па добро познава и дел од ракометарите и на оваа селекција. Драган Ѓукиќ ја анализира групата Б.

Делумниот поглед на составот на екипите во Групата Б ни дава до знаење дека Португалија и Унгарија се фаворит за пласман во следната фаза од натпреварувњет, но сите љубители на ракометот добро знаат колку Исланд може да биде незгоден ривал особено сега кога е „во сенка“. Холандија е апсолутен аутсајдер, ако тоа може да се каже за која било екипа која се квалификувала на ЕП.

Групата Б инаку официјално го „отвора“ шампионатот, а домаќинот Унгарија тргнува со натпреварот против Холандија во 20:30 часот во новоотворената арена во Будимпешта која прима 20.000 гледачи, но куриозитет е даке истиот ден во нешто пораниот термин од 18 часот веќе ќе почнат натпреварите и во Словачка и во Унгарија. За селекцијата на Македонија тогаш ќе биде и најважниот натпревар против Словенија.

Со оглед на тоа што во моментов работам во Унгарија (новата сала во Татабања е резервна сала на шампионатот), чувствувам и знам каква специфична атмосфера владе во моментов со исчекување за почеток на шампионатот. Ракометот овде се почитува, се сака, во него се ужива, а за своите секогаш, искрено и од душа се навива. Противникот вистински се респектира. Просечниот љубител на спортот, добро го познава ракометот (Веспрем, Ѓер, Пик Сегед, Ференцварош се синоними за врвен ракомет), а добивањето на домаќинство е искористено за натамошно унапредување на и онака одличната инфраструктура и сали. Нималку не се сомневам дека од оваа позиција на гледање, ова натпреварување ќе биде целосен успех, а централната европска позиција на Унгарија (непосредната близина на повеќето земји учеснички), како и одличната комуникација и ценовно релативно пристапни сместувачки капацитети, како и врвните гастрономски специјалитети, на некој начин е повик за сите кои на почетокот на јануари сакаат да си поминат убаво покрај тоа што ќе следат одличен ракомет.

„Хероите на морето“ во кожата на фаворит!

По игра на случајот работев во португалскиот клупски ракомет во време кога само што почнуваа големи инвестиции во него. На „едноставен“ начин, поврзувањето на ракометните секции со најголемите фудбалски клубови, дојде до тоа клубовит да растат од година во година, со самото тоа и во вложувањето, а сето тоа доведе до моментот клубовите како Порто, Бенфика и Спортинг да станат имиња за респект во европскиот ракомет. Тоа резултираше со зголемено интересирање за ракомет, рст на бројот на младите во него, а со самото тоа и на првите успеси на нивните помлади секции. Во тој волшебен круг, сениорската репрезентација излезе како најголем добитник.

Освојувањето на 6. место на претходното првенство на Европа, 10. место на последното СП во Египет и историскиот успех на една селекција на Португалија во тимските спортови – учеството на Олимписките игри во Токио годинава, им даваат за прво да веруваат дека можат и повеќе! Го познавам добро нивнио тренерски двоец. Помошникот Пауло Фидалго беше мој асистент во Мадеира, а неговиот истоименик Переира, човек за кој се врзвуваат нивните последни успеси во тоа време соработуваше со професорот Покрајац, а потоа го наследи и на клупата на Порто. Двајцата амбициозни, вредни, храбри, го пренесоа тоа на тимот со кој работат и вербата во себе е нешто што може да биде нивна предност, но (факт е дека често е пренагласена) понекогаш може да биде и недостаток!

Оние кои сакаат да ги видат на дело пред самото првенство, можат тоа да го направат на традиционалниот Јелоу куп во Швајцарија (со Црна Гора, Швајцарија и Украина), а познавајќи ги, сигурен сум дека нема да се „кријат картите“, туку ќе играат со полна сила во потрага за дополнителната инјекција на самодоверба.

Предност: Гранитна одбрна (на искрена жалост на сите љубители на спортот не е поддржана од повеќе од еден фантастичен голман каков што сигурно беше Алфредо Кинтана), до детаљ разработената игра 7-6 и фантастични физички карактеристики во судир со кои не се доминантни дури ни екипи како што на пример е една Франција.

Недостатоци: Голманската позиција не е покриена на адекватен начин (Хумберто Гомез одамна го мина зенитот, а двојката Капдевила/Гашпар нема доволно искуство на ова ниво) и тоа може да биде пресудно во судирот со врвните екипи. Повредата на Луис Фраде (Барселона), нивниот водечки пивот во нападот, исто така им го смалува маневарскиот простор во нападот.

Главни играчи: Средните бекови Мартинс (Пик Сегед) и Магаљаеш (Порто) како и исклучителниот бек Андре Гомез – витруоз, танчер, скокач, вечно гладен за успех и голови.

Нескриена амбиција за најголем резултат

Нека не ми биде замерено, но навистина ми се чини дека домаќинот на ова натпреварувње е во едно еуфорично расположение за да оди што подалеку отколку што некој од експертите ги гледа – сосема, до самиот крај! Мене кој нешто слично гледав и порано, сè ме потсртува на СП во Катар во 2015 година, или ЕП во Србија во 2012! Целта на натпреварите во првиот круг не е само да се помине групата туку и да се пренесат бодови (од натпреварот со Португалија), а потоа да се проба да се изненади еден од фаворитите (Данска/Франција) и така да дојде до шанса да се бори не само за 5. место кое срамежливо се прокламира како основна цел туку и за она што не го зборуваат гласно, желбата на влезат во полуфинале и да се борат за медал! Нереални очекувања? Обидете се тоа да го кажете на некој во земјата во која ракометот се сака, во него се вложува (често без лимит!) и безрезервно поддржува во добри или помалку добри времиња…

Подготовките ги почнаа порано од сите други (календарот на националната лига каде што играат најголемиот број од селектираните играчи е максимално подреден на претстојното натпреварување). На 16-ти декември ги запалија моторите и ракометарите ќе бидат заедно речиси цел месец пред почетокот на натпреварувањето. Добро или лошо? Тоа ќе го видиме дополнително!

Од проверките достапни за јавноста тука ќе бидат натпреварите во Татабања со Белорусија (6 јануари) и Бахреин (8 јануару), а интересно е дека почнуваат со исклучително скратен список (од 18 имиња) бидејќи сакаат оние кои се на него да се чувствуваат сигурно. Тренерскиот двоец Иштвар Гулаш и Чема Родригез востанови „систем“ секој од нив да води по еден натпревар, а другиот на ниту еден начин да не се меша во водењето на тимот (!) и колку на нас (вас) тоа да ни (ви) изгледа чудно, засега функционира успешно.

Предност: Домашниот терен, поддршката од 20.000 луѓе во новата арена, високата, цврстата, силна 6-0 одбрана, искусниот врвен голман каков што е Роланд Миклер, како и огромната желба на сите (сојузот, играчите, публиката, целата спортска јавност), да се направи еден голем резултат.

Недостатоци: Менталитетот кој никогаш не се носел добро со притисок.

Главни играчи: Покрај веќе споменатиот Миклер, тоа секако е и еде од најдоминантните пивоти на денешницата Бенце Банхиди (Пик Сегед), далекудометната артилерија на Рихард Бодо (Пик Сегед) и суперталентираниот атипичен десен бек, Доминик Мате (Елверум) кој од лето се сели во ПСЖ.

Кого овој пат ќе го уловат „рибарите“?

Кој и да зборува за ракометот на Исланд тоа мора да го направи со многу почит имајќи предвид сè што момците од оваа мала островска земја направиле и како селекција, но и како и поединците (играчи/тренери). Предводени од супер искусниот тренер (олимпискиот победник од 2016 со селекцијата на Данска), Гудмундур Гудмундсон, овој тим е комбинација на искусни и млади сили, способна да ги замрси конците и на најголемите. Атипични во изборот на одбранбени зонски формации (од „класични“ 6-0 до „специфични“ длабоки 3-2-1, со секогаш сјајни крила и незгодни пивоти. Борбени, храбри, „свои“ во најубавото значење на зборот, можат само да добијат од оа натпреварување, така што кој и да биде од другата страна ќе мора чесно да се испоти за да ги победи. Првенството го отвораат со Португалија со која во последно време играа многупати со многу различни епилози, но тоа дефинитивно не значи ништо за овој натпревар (за двете селекции!) по важност „да се биде или не“!

Предност: Костурот на екипата е многу долго заедно и е во состојба да игра многу различно. Потполно растоварен од императивот на резултатот.

Недостатоци: Немаат сериозни резултати на последните големи натпреварувања.

Главни играчи: Изразит предводник на овој тим и играч од кој зависи многу е секако Арон Палмарсон, мојот личен избор би бил сјајното лево крило Елисон Бјарки, во моментов еден од најдобрите стрелци во Бундес лигта, а секако не смееме да го заборавиме десниот бек Омар Магнусон, најдобриот стрелец на Магдебург, еден од најквалитетните тимови во овој момент во сите европски натпреварувања.

На патот на успехот на девојките

Кој малку го следи развојот на ракометот во земјата на лалињата, знае дека машката селекција секогаш била напред (!), но и дека немала адекватна поддршка (од сите страни), како што тоа отсекогаш го имала женската селекција. Некои можеби тоа би го споредиле со состојбта во Црна гора и не би биле далеку од вистината. Претходната генрација (во која исто така имаше многу талентирани ракометари кои играа во најдорите клубови во Бундес лигата, се одлучија на бојкот и сами себи си направија мечкина услуга.

Сепак, со смена на системот за натпрварување во европскиот ракомет (зголемување на бројот на селекции на завршниот турнир) како и појавата на една нова, талентирана генерација ја доведе првпат репрезентацијата на Холандија на големата сцена на минатото Европско првенство. Завршија како 17-ти победувајќи ја Летонија и го поминаа своето „огнено крштевање“.

Предводени од стратегот од Исланд, Ерлингур Ричардсон (веројатно се сеќавате на него од Фуксе Берлин, но и како претходен селектор на Исланд), кога имаат свој ден можат да изненадат и фаворити, а тоа најдобро на своја кожа во квалификациит го почувствуваат и Словенците играјќи дома со резултат 27:27! Прва ѕвезда секако е Лук Стеинс од ПСЖ, а кој не го гледал во живо не може да сфати со каква енергија, брзина, луцидност игра. Не мислам дека можат да изненадат, но не верувам дека ќе бидат „топовско месо“.

Предност: Тимска игра, јасно изградена структура на играта во која се „знае“ сè и ослободеност од притисокот од кој било вид.

Недостатоци: За ншто повеќе е потребе подобра голманска двојка и поквалитетни решенија на позицијата лев бек.

Главни играчи: Лук Стеинс е играч кој секако би го одбележал ова првенство доколку би бил во некој од тимовите кои ќе ја поминат групата, вака, ќе уживаме во неговата игра три натпревари, а колку ќе може неговата селекција најмногу ќе зависи од десната страна на нападот – искусниот Боби Шаген од Лемго на позицијаа десно крило и двојката Смитс/Верштајнен – два потполно различни играчи на позицијата десен бек.

*                      *                      *

Лично со посебно внимание ќе ја следам групата „А“, не само поради тоа што во неа се наоѓаат три екипи од поранешна Југославија и што сум повеќе од горд на фактот дка се наоѓав на клупата на две од четирите селекции во оваа група (Македонија и Црна Гора), туку и затоа што сум сигурен дека ќе има прекрасни, до крај интересни натпревари. Знаејќи дека ракометот во Македонија е „повеќе од игра“ им посакувам на Кире и на неговите избраници да одат и подалеку од она што во моментов можат да го замислат, а на сите љубители на ракометот во Македонија им посакувам, многу поздрава, поуспешна и поубава 2022 година.