Тренерски домино-ефект: Сиверт во Мелсунген, Парондо во ПСЖ, Мадсен во ХОЈ…

Во летото 2027 ќе се случат големи тренерски промени во кои ќе бидат опфатени три клубови и тројца тренери.

Бундеслигашот Мелсунген, кој го води Роберто Гарсија Парондо ќе се проба за првпат во Лигата на шампионите под водство на шпанскиот стратег, а од идното лето веќе е официјализирано дека на неговото место доаѓа Јарон Сиверт.

Тој беше без работа по отказот од Фуксе Берлин, па од идното лето ќе продолжи да работи во Бундес лигата.

Некогашниот стратег на Вардар, во летото 2027 година ќе го преземе францускиот гигант ПСЖ, кој во моментов е предводен од данскиот стратег Стефан Мадсен.

Тој пак, по ангажманот во Ал Ахли и во ПСЖ, ќе се врати во татковината бидејќи договорот нема да му биде продолжен и ќе го води новиот дански дрим-тим ХОЈ.