Новиот суперлигаш Ѓорче Петров 2 веќе активно работи на составот со кој ќе се натпреварува претстојната сезона во елитната конкуренција.
По левиот бек Антонела Ѓероска и десниот бек Тара Аврамоска, уште една важна ракометарка стави потпис на нов договор.
Станува збор за средниот бек Ева Ѓорѓиевска, која и наредната сезона ќе биде дел од тимот предводен од легендарната Милева Велкова.
Ѓорче Петров 2 го освои второто место во Првата лига и се врати во суперлигашката конкуренција по триумфот над Пелистер во бараж пресметката.























