ЅВЕЗДА НА 28. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – ИВАНА ТРИФУНОСКА (ВАРДАР)

Десниот бек на Вардар, Ивана Трифуноска, го доби признанието за најкорисна ракометарка, односно ѕвезда на 28. коло во Супер женската лига.

Таа имаше одлична партија на мечот против Астибо и беше меѓу најдобрите стрелци во убедливата победа.

Трифуноска го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 81% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Во конкуренција за ѕвезда на 28. коло беа уште и членките на Ѓорче Петров и Пелистер, Марија Јанкуловска и Анастасија Тодоровска.