Австрија доби сензационален шампион!

Екипата на ЈАГС Везлау за првпат во својата историја стана шампион на Австрија, откако во драматичното второ финале славеше на гостувањето кај Фиверс Маргаретен со 32-31 и со 2-0 во серијата го освои трофејот во австриското првенство.

Во преполната сала во Виена се одигра вистински ракометен трилер, кој беше решен само четири секунди пред крајот.

Херој на гостите беше Едуардо Мендонса, кој го постигна победничкиот погодок за историски триумф на ЈАГС Везлау.

Ова беше 14 последователна победа за новиот австриски шампион, кој на најдобар можен начин ја круниса извонредната сезона и ако се пријави, ќе биде во трка за вајлд-карта во Лигата на шампионите.