Анализа на Горан Андоновски: Викаме дека играме модерен ракомет, ама тоа не го видовме…

Ние викаме дека играме модерен ракомет, дека ја сменивме играта од порано. Но, денеска никој тоа од љубителите на ракометот во Македонија не го виде на терен. Мала споредба - Холандија игра брз ракомет, но игра и одлична одбрана, Норвешка исто, Шпанија игра брз ракомет и одлична одбрана, Данска брз ракомет исто одлична одбрана, итн... Ние не сме квалитетни во напад за да победиме некого од квалитетните репрезентации.

Сигурно дека на сите ни е тешко да коментираме по пораз на нашата репрезетација. Но, ова е пораз од Норвешка една од најквалитетните селекции и кандидат за медал на ова Светско првенство.

Натпреварот го почнавме со одбрана 5-1, со Талески на преден. Но, сето тоа изгледаше премногу лошо, многу широко, без странично движење, без помагање и без густина и така не се игра одбрана и не се поставува одбрана со тие играчи со кои се почна.

Истиот проблем го имавме и на турнирот во Хрватска и на двата дуела во Маврово со Црна Гора. Мораше да се најде начин да се постави подобра одбрана пред Светското.

Ние викаме дека играме модерен ракомет, дека ја сменивме играта од порано. Но, денеска никој тоа од љубителите на ракометот во Македонија не го виде на терен. Мала споредба – Холандија игра брз ракомет, но игра и одлична одбрана, Норвешка исто, Шпанија игра брз ракомет и одлична одбрана, Данска брз ракомет исто одлична одбрана, итн… Ние не сме квалитетни во напад за да победиме некого од квалитетните репрезентации.

Во второто полувреме пробавме со 6-0 одбрана, пак немаше навремено излегување на нивните бекови, немаше затворање, се загубивме и во измените одбрана – напад. Противникот рутински го одработе натпреварот.

Примивме 39 голови, а Митревски во првиот дел одбрани 5-6 зицери.

Ова под итно да се заборави, не се посрамотивме игравме против ривал за медал. И сега овој праз мора да се заборави и со овие играчи да составиме во одбрана и да личиме на нешто на следните натпревари.

Со Холандија и со Аргентина не сме фаворити, но во никој случај не сме аутсајдери. Никогаш не биле Аргентина или Холандија во светскиот ракометен врв и во најмала рака според мене равноправно влегуваме во двата натпреавра.

Не сме воопшто млада и неискусна, дека во составот ни се Митревски, Талески, Кузмановски, Манасков, Георгиевски, Пешевски и Петров има 35 години, Според мене нема стари и млади играчи има само добри и лоши. Во Португалија браќата Коста се 2004 и 2005,  а се носители на играта на репрезентацијата на Португалија.

Да не биде се така црно, секако дека победите во баражите над Романија и Чешка е голем успех на стручниот штаб. Реално ова се две квалитетни репрезентации. Овие дуели беа одиграни со мала минутажа на Кире Лазаров и на Филип Миркуловски.

Ме нервира, дека сами се прогласуваме за аутсајдери, како предвреме да се бара алиби од овие две селекции. Го следев дуелот Холандија – Аргентина, во моментов според мене ние против Аргентина сме фаворити, не треба алиби.

Нашиот стручен штаб е млад и треба да им се даде шанса уште минимум два циклуса и дури после да се резимира што е постигнато, како да се продолжи и да видиме до каде сме стигнати со ситемот што нашиот стручен штаб го преферира како нов, а денес не видовме ништо.

Сепак нашата репрезентација е на Светско првенство, одговорноста за составот го сноси стручниот штаб – голем успех е самото учество на Светското првенство, сметам дека имаме реални шанси за пласман во вториот круг. И пак да ги израдуваме сите Македонци кои го сакаат ракометот.

Безрезервна поддршка за нашата репрезентација мора да има.