Алушовски призна: Веспрем е далеку подобар тим од Вардар во овој момент

Ракометарите на Вардар со уште еден пораз ја завршија сезоната во Лигата на шампионите откако и денеска загубија од Веспрем, овој пат со резултат од 30:39.

Стратегот Стевче Алушовски призна дека во овој момент, Веспрем е далеку подобар тим од Вардар.

„Честитки на тимот за Веспрем за четвртфиналето. Исто како и на мечот во Скопје тие беа подобри. Ние имавме многу проблеми, во првото полвуреме во транизицијата и Веспрем постигна лесни голови. Се обидовме и со седум на шест, но во овој момент Веспрем е далеку подобар тим од Вардар“, изјави Алушовски.

Следен предизвик за Вардар ќе биде дуелот од суперлигашкиот плеј-оф против Струга в недела.