Ако освојат медал Федерацијата ќе има поголема награда отколку државата

Пред одигрувањето на последното коло од групната фаза почна да станува јасно дека нема да се штедат средства за да се мотивираат сите ракометари и ракометарки и да им се даде мотивација повеќе на патот кон елиминациите.

За Русинките оваа Олимпијада може да донесе нова богата премија, а покрај од државата тие ќе добијат премија и од Ракометната федерација на Русија која според зборовите на првиот човек ќе биде поголема.

„Додека траеја подготовките во Сочи се согласивме додека не се постигне резултатот висината на премијата да остане наша внатрешна тајна. Ракометарките добро знаат кои се премиите за освоен медал и она што сега можам да го кажам е дека таа награда ќе биде многу поголема отколку што ќе плати државата. Значи, ракометарките имаат за што да играат и да се борат и во однос на материјалните стимулации. Сигурен сум дека ова не е главната работа за нив туку земјакќи ја предвид возраста на некои од девојките и фактот дека некоја наскоро ќе заврши со играњето или ќе оди на пауза поради зголемување на семејството, материјалниот дел е секако многу важен“, вели претседателот на Ракометната федерација на Русија, Сергеј Шишкарев.

Русинките денеска ја совладаа селекцијата на Франција со 28:27 и обезбедија четврт-финале, а в понеделник против Шпанија можат да се борат за задржување на 2. позиција.