Аеродром потпиша со уште двајца ракометари за следната сезона (ФОТО)

Екипата на Аеродром продолжува со формирањето на тимот за следната сезона, а меѓу играчите кои потпишаа договори се најдоа левото крило Давид Стевановски и средниот бек Драган Рачевски.

Стевановски е играч од школата на Аеродром и за него ова е прво потпишување на договор со сениорскиот тим, кој во новата сезона ќе се бори за влез во Супер лигата.

Рачевски, пак, потекнува од младинските категории на Металург, а во минатата сезона тој настапуваше за составот на Алушовски, па веќе има искуство со играње во Првата лига.

Инаку, Аеродром продолжува да ги потпишува играчите кои досега беа дел од тимот, па останува во следниот период да биде финализиран составот со кој ќе се влезе во новата сезона.