Аеродром донесе нов голман, потпиша Марко Богдановски

Прволигашот со суперлигашки амбиции Аеродром донесе уште едно засилување во тимот пред стартот на новата сезона.

Станува збор за голманот Марко Богдановски, кој лани ги бранеше боите на тимот на КЛ7, а претходно беше дел од Јуниор Кисела Вода и Металург 2.

Богдановски ќе формира трио со Куртановиќ и Павличковски, и заедно ќе работат со некогашната репрезентативка Тања Андреева, која е тренер на голманите во Аеродром.

Тимот предводен од Дарко Петровски е прв фаворит за место во баражот за Суперлигата, а натпреварите од прволигашката конкуренција ќе стартуваат на 25 септември.