Абало: Никогаш не ни помислував дека ќе играм во Норвешка

Францускиот репрезентативец Лук Абало го напушти ПСЖ и веднаш си најде нов ангажман. Договорот со францускиот шампион му истече, па како слободен играч потпиша со Елверум.

Интерес за Абало покажуваше и Динамо Букрешт, но тој одлучи од наредната сезона да се пресели во Норвешка. Абало има 35 години и е на залезот на кариерата сепак неговиот квалитет и искуство сигурно многу ќе значат за Елверум.

„Никогаш не ни помислував дека ќе играм во Норвешка, ова ќе биде голем предизвик за мене“, рече Абало по потпишувањето на договорот.

Абало бараше клуб каде би играл уште една сезона со надеж дека би можел да ја заврши кариерата како што посакува со настап на Олимписките игри. Во Елверум се воодушевени од тоа што успеаја да го доведат Абало.

„Ова е лудница, апсолутно голема работа за нас“, беше коментарот на менаџерот на Елверум, Нилс Кристијан Мире.