Uros BORZAS, Elvar JÓNSSON and Mijajlo MARSENIC, Iceland vs Serbia, Men's EHF EURO 2024 Germany, Munich, Germany, 12.01.2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

🎥Имаа се во свои раце, а еве како Србите потонаа за 40 секунди

Репрезентацијата на Србија по одиграниот натпревар против Исланд има за што да жали, бидејќи на 40 секунди пред крајот водеше со 27:25 и беше на прагот победнички да го започне настапот на Европското првенство во Германија.

Сепак, избраниците на Тони Херона предвреме започнаа со радоста и од готово направија вересија, па така „рибарите“ го искористија невниманието на ривалот и дојдоа до голем бод.

Иако Србија имаше напад за победа, не остана доволно време за да организира добра акција.

За Исланд ремито против Србија е рамно на победа, со оглед на тоа што имаше и негатива од три гола на минута пред крајот.

Србија за ривал во второто коло ја има репрезентацијата на Унгарија, додека Исланд ќе се соочи со Црна Гора.

 

 

 

Србите направија од готово-вересија, драмата со Исланд заврши реми!