Македонија оваа сезона ќе има четири македонски претставници во Европа во женска конкуренција, конкретно во најслабото натпреварување – Европскиот Куп.
Шампионот Ѓорче Петров, потоа Куманово, Металург и Чаир ќе стартуваат од второто коло, веќе ги добија ривалите, но само тимот од Автокоманда ќе игра натпревар на домашен терен.
Ѓорче Петров оди на Исланд кај тимот на КА Пор, а двата меча се играат во Акурејри на 7 и 8 октомври од 21:30 часот.
Куманово патува во Израел кај составот на Макаби Аразим Рамат Ган. Првиот меч ќе се игра на 10 октомври од 18:00 часот, а реваншот е утре дента во истиот термин.
Чаир оди во Косво, кај тимот на Истогу, а двата меча ќе се играат во Истог на 15 и 16 октомври од 18:00 часот.
Само Металург ќе игра европски натпревар оваа сезона на домашен терен. Првиот меч против шампионот на јужниот сосед на Македонија, ПАОК, ќе се игра на 8 октомври од 15:00 часот во Солун, додека реваншот е во Скопје на 15 октомври од 16:30 часот.