Ѓорче Петров повторно на победнички патеки, му даде 42 гола на Астибо

Ракометарките на Ѓорче Петров под раководство на Милева Велкова, конечно одиграа одличен натпревар и ја запишаа втората победа во новата сезона во Женската лига откако на свој терен беа убедливи против Астибо со 42:15.

Натпреварот беше решен уште во првото полувреме при резултат 15:3 за екипата на Ѓорче Петров. Гостинките од Штип едноставно не можеа да парираат против поискусните ракометарки на домашната екипа која продолжи со супериорна игра до самиот крај. Ѓорче Петров на полувреме замина со предност од 20:8.

Второто полувреме беше само формалност и шанса плус за ракометарките со помала минутажа. Велкова им даде шанса на сите ракометарки на теренот. Дополнителен проблем за Астибо беше црвениот картон за голманката Ангела Петрушева во 33. минута поради груб фал кој беше направен на една од противничките ракометарки. Разликата постепено растеше во корист за ѓорчепетровки, а крајниот епилог од средбата беше висока победа изразена со 27 гола позитива за составот на Ѓорче Петров.

Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Ана Марија Коларовска со осум гола, шест додаде репрезентативката на Македонија, Ангела Јанкуловска. Во Астибо стандардно најефикасни беа Драгана Стојанова со шест и Марија Анчева со пет гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР990027
2МЕТАЛУРГ1070321
3ЃОРЧЕ ПЕТРОВ950415
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.941413
5СТРУЖАНКА940512
6СПАРТАК91265
7АСТИБО90181