Ракометарките на Хрватска остварија огромен успех на Европското првенството во Данска со победата против Германија и пласманот во полуфиналето.
После натпреварот селекторот на репрезентацијата, Ненад Шоштариќ имаше многу кратка и емотивна изјава, во која немаше многу што да каже освен дека е горд на своите ракометарки, а солзите сами му доаѓаа.
„Јас сум горд на сите мои ракометарки, на сите луѓе во стручниот штаб и сите кои се тука со нас кои што единствено веруваа во ова ние што го правиме и се радуваа со нас секој нареден ден. Немам многу зборови да кажам, солзите сами ми доаѓаат“, рече Шоштариќ по натпреварот со Германија.
Репрезентацијата на Хрватска во полуфиналето кое е на програмата во петок ќе се сретне со Франција и ќе бара пласман во големото финале на првенството.
„Коцкестото“ шоу продолжува: Хрватска преку Германија се пласираше во полуфиналето на ЕП!
Ѕирнете во соблекувалната – како Хрватките го прославија историскиот успех (ВИДЕО)
Познати полуфиналните двојки на ЕП, ќе има скандинавско дерби!