„Коцкестото“ шоу продолжува: Хрватска преку Германија се пласираше во полуфиналето на ЕП!

Женската репрезентација на Хрватска славеше над Германија со 23-20 и го оствари најголемиот успех во историјата на женскиот репрезентативен ракомет. Претходното најдобро остварување на „коцкестите“ беше петтото место на првото ЕП во 1994 година во Германија.

Шулце и Наиџинавичиус донесоа 0-2 за Германија, но веднаш следуваше одговор преку Дебелиќ и Мичијевиќ за 2-2. Најчесто се играше гол за гол, но Хрватките за разлика од претходните натпревари немаа убоитост во нападот.

Пијевиќ бранеше добро, но нејзините колешки правеа технички грешки во нападот. Но ниту Германките не беа нешто подобри, па на пауза се замина со реми, 12-12. Тоа беше најава за одлично второ полувреме, во кое двете селекции ќе се борат за главната цел – место во полуфиналето.

Крсник донесе ново хрватско водство на стартот на вториот дел, 13-12, а потоа искористија една грешка на Германките и една одбрана на Пијевиќ, па Мичијевиќ со два гола по ред донесе 15-12. Тоа беше знак за тајм-аут за германскиот селектор.

Ниту тоа не помогна, па Хрватска веќе беше на плус пет, 17-12. Германија првиот гол во второто полувреме го постигна дури по десет минути. Беше 19-13, но упорните Германки не се откажуваа, па на пет минути до крајот намалија на 22-18.

Калаус направи грешка, потоа Мичијевиќ заработи исклучување и Германија се врати на минус три, 22-19. Хрватките промашија пенал, потоа уште еднаш не беа ефикасни во нападот и беше 22-20 на минута и пол до крајот.

Со погодокот на Дебелиќ беа расчистени сите дилеми и победата остана за Хрватска. Најдобри стрелци кај Хрватска беа токму Дебелиќ со шест и Мичијевиќ со четири погодоци, а голманката Пијевиќ забележа 16 интервенции. Кај Германија се истакна Маидхоф со девет голови.

Покрај Норвешка, Хрватска е втората селекција што ќе игра во полуфиналето на Европското првенство.

Шоштариќ: Немам што да кажам, можам само да заплачам…

Познати полуфиналните двојки на ЕП, ќе има скандинавско дерби!

Ѕирнете во соблекувалната – како Хрватките го прославија историскиот успех (ВИДЕО)