Ѕирнете во соблекувалната – како Хрватките го прославија историскиот успех (ВИДЕО)

Женската репрезентација на Хрватска испиша историја на Европското првенство во Данска.  Со триумфот над Германија со 23-20, избраничките на Ненад Шоштариќ го остварија најголемиот успех досега, пласман во полуфиналето на континенталниот собир. Славјето по триумфот беше големо. Започна на теренот вeднаш по завршувањето на натпреварот, а продолжи во соблекувалната...