Познати полуфиналните двојки на ЕП, ќе има скандинавско дерби!

Со одигрувањето на дуелите од третото коло од главната рунда, беа одредени патниците во полуфиналето на Европското првенство во Данска.

Изненадувањето Хрватска ќе се соочи со селекцијата на Франција, додека во второто полуфинале ќе има скандинавска борба меѓу Норвешка и домаќинот.

Во мечот за петтото место ќе се пресметаат селекциите на Русија, која загуби само еден меч, ама нема да игра во полуфинале, и светскиот првак Холандија, кој се чини дека прекасно се разигра.

Останатите селекции може да се пакуваат за дома и да ги чекаат противниците во квалификациите за Светското првенство во Шпанија следната година.

ЕП Данска, распоред:

18/12, 15:30 часот, Русија – Холандија, меч за петто место
18/12, 18:00 часот, Франција – Хрватска, полуфинале
18/12, 20:30 часот, Норвешка – Данска, полуфинале
20/12, 15:30 часот, меч за трето место
20/12, 18:00 часот, финале