Хансен е нов олимписки крал на стрелците – ги мина Кокшаров, Душебаев, Сигурдсон, Нарсис…

Данскиот репрезентативец Микел Хансен го презема првото место на вечната листа на стрелци на Олимписките игри.

Тој со четвртиот постигнат погодок на дуелот меѓу Данска и Португалија, кој заврши со триумф на неговата репрезентација, стигна до врвот.

Пред овој натпревар, Хансен имаше 124, против Португалија даде девет и сега е прв со 133, а оваа бројка ќе се зголеми бидејќи ќе одигра најмалку уште два меча, а можеби три или четири.

Зад него останува легендарниот Кореец, Кјунг Шин Јон, со 127 погодоци, Талант Душебаев со 123, Гудјон Валур Сигурдсон со 119, Едуард Кокшаров со 116, Никола Карабатиќ со 110, Нарсис со 109.

Од активните играчи само Карабатиќ има шанса да се доближи кон ТОП 3 стрелци на вечната листа.