„Уживам во секој ден минат во Струга, направивме голем успех со самиот пласман во плеј-оф“

Десниот бек од Никшиќ, Вук Лакичевиќ, беше еден од најзаслужните играчи за пласманот на Струга во плеј-офот од Суперлигата

20-годишниот Црногорец за порталот „Kolektiv“, го потврди трансферот во швајцарскиот Сент Гален од лето.

„Во моментов играм за Струга, кој оваа сезона се избори за плеј-офот во домашното првенство, и со тоа постигна голем успех. Од следната сезона ќе играм за Сент Гален, кој има големи амбиции и во швајцарската лига и во европските натпреварувања. Оваа сезона е сама по себе специфична, чудно е да се игра пред празни трибини. Коронавирусот многу влијаеше на продолжението на шампионатот во првиот дел од сезоната, имавме долги паузи во кои беше тешко да се најде вистинската форма“, вели Лакичевиќ.

Му било тешко на стартот на првата интернационална авантура, но вели дека адаптацијата не траела долго.

„Со оглед на тоа што ова е мој прв ангажман во странство, прилагодувањето беше тешко, но траеше многу кратко, благодарение на соиграчите кои секогаш беа тука за мене. Животот во Македонија е сличен на животот во Црна Гора и можам да кажам дека уживам во секој ден поминат во Струга“, продолжи Лакичевиќ.

Струга загуби на првиот меч од плеј-офот кај Еурофарм Пелистер, а веќе в петок ја очекува домашен двобој со Металург.

„Во моментов сум фокусиран на Струга и обврските што не чекаат во продолжението на Суперлигата. Од следната сезона следуваат нови обврски, за кои сигурно ќе бидам подготвен“, заврши Лакичевиќ.