СП 2021 Група Ф: Репрезентации од два континента се борат за три места во главната фаза

Групата Ф е единствената на Светското првенство која е составена од по две екипи од два континента, Португалија и Исланд од Европа и Алжир и Мароко од Африка, но место во главнаа рунда ќе има за три тима.

Португалија и Исланд последен пат се сретнаа на ЕУРО 2020 кога Исланд победи со 28:25. Овие две репрезентации имаат вкупно седум меѓусебни дуели, од кои само три се во последните 17 години. Во бараж дуелот за СП 2017 во Франција двете репрезентации победија по еднаш, но Исланд беше подобар со вкупен резултат 46:44 и обезбеди пласман на првенството. Исто така Исланд победи на двата дуели на Светските првенства, во Франција 2001 година со 22:19 и во Португалија во 2003 година со 29:28.

Португалија само два пати го има совладано Исланд, а последната победа им е во 2000 година на Европското првенство кога славеа 28:25 во групната фаза. Сепак, Португалците се полни самодоверба откако нивниот ракомет доживува вистинска преродба. На ЕУРО 2020 го освоија шестото место со нивниот доста млад тим што е најдобар резултат во историјата на Португалија.

На последниот меѓусебен дуел на Мундијалот во 2001 година Португалија го победи Мароко 30:26 и како фаворите влегува во дуелот на претстојното првенство. Исланд и покрај отсуството на Гудјон Валур Сигурдсон кој се пензионираше останува фаворит бидејќи има многу квалитетен тим предоводен од мозокот на репрезентацијта од клупата Гудмундур Гудмундсон.

Исланд има позитивен биланс против сите противници од групата и никогаш нема загубено на Светско првенство од Португалија, Алжир или Мароко. Алжир беше најблиску да го совлда Исланд на првенството во 1997 година во Јапонија кога одиграа нерешено 27:27, додека останатите два дуели ги загуби 25:34 во Тунис 2005 година и 24:32 во Катар 2015 година. Овие два ривала имаат две пресметки на Олимписките игри и двапати убедливо победи Исланд. Исланѓаните лесно го победија Мароко на единствениот дуел на првенството во 2001 година.

Со оглед на тоа што Португалија и Исланд имаат поголем квалитет и искуство од африканските репрезентации, се чини дека Алжир и Мароко меѓусебно ќе се борат за третото место кое води во главната рунда. Алжир и Мароко досега само еднаш се сретнале на Светските првенства и тој дуел заврши нерешено 19:19 во 1999 година кога исто така домаќин беше Египет. На последните шест меѓусебни дуели доминира Алжир со шест победи со најмалку три гола разлика. Последниот одигран нивни дуел беше на првенството на Африка во 2020 година кога Алжир победи со 33:30. На крајот Алжир го освои третото место додека Мароко беше пласиран на шестата позиција.

Исланд патува на првенството без својата најголема ѕвезда, Арон Палмарсон кој ќе го пропушти натпреварувањето заради повреда. Сепак и покрај тоа Исланд има квалитет за висок дострел. Ова ќе биде 21. настап на Мундијалите на Исланд, а најголемиот успех досега им е петто место на првенството во 1997 година. Клучни играчи во тимот на Исланд за ова првенство ќе бидат искусните Бјоргвин Густавсон (голаман) и Александар Петерсон (десен бек) потпомогнати од младите талентирани ракометари.

ИСЛАНД

#ИграчПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаНатпревариТежина
3islКари Кристјансонпивот001942115
15islАлександер Петерсондесен бек17186491
17islАрнор Гунарсондесно крило03178482
23islОдур Гретарсонлево крило05182680

Португалците продолжуваат да ја градат репрезентацијата и да го подигнуваат квалитетот од година во година, потврда за тоа беше и успехот на ЕУРО 2020. И на ова првенство Португалците се стремат кон нов голем успех. Ова ќе биде само четвртти нивни настап на Мундијалите, а досега најголем успех им е 12. место во 2003 година. Клучни играчи се голманот Алфредо Кинтана, Диого Бранкињо (лево крило) и Андре Гомеш (лев бек).

ПОРТУГАЛИЈА

#ИграчПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаНатпревариТежина
1porАлфредо Кинтанаголман01201692
4porПедро Портелалево крило025186680
7porПедро Маркесцентрален бек00179083
9porЖоао Фераздесен бек32196497
10porМигел Мартинсцентрален бек127192683
11porБелоне Мореирадесен бек06180680
16porУмберто Гомесголман001936103
19porКарлос Мартинсдесно крило00180078
21porРикардо Моураолево крило00180085
22porАлексис Боргеспивот561955105
27porАндре Гомеслев бек017192694
28porЖорге Силвадесен бек002020100
33porДиого Силвадесен бек001981102
39porАндре Жозецентрален бек00186084
40porДиого Оливеирацентрален бек001920100
48porЖоао Паислево крило00185080
77porСерхио Барослево крило00186083
82porЛуис Фрадепивот011941115
99porДиого Валериоголман00194094

Репрезентацијата на Алжир со големи очекувања се враќа на светските првенства после 2015 година. Алжирците ќе имаат тешка задача да изборат главна фаза против европските репрезентации и добро познатиот противник од својот континент. Ова ќе биде 15. нивно учество на Мундијалите, а најголем успех им е 13. место во 2001 година. Клучни играчи на Алжир се Калифа Гедбан, голманот кој бранеше за Вардар, Абди Ајуб (лев бек) и Мустафа Хаџ Садок (среден бек).

АЛЖИР

#ИграчПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаНатпревариТежина
1algАшреф Хамзауиголман00185088
2algЗохир Наимлев бек07188690
3algХамуди Бушетитлев бек00185082
4algНуредине Хелаллев бек03186485
5algЈацин Бенмесуддесен бек00188089
6algМесуд Беркослев бек124192690
8algАладине Хадидипивот00190198
9algИскандер Лананицентрален бек00185082
11algАли Булехшалево крило00180078
12algАбделах Бенмениголман00189388
13algРиад Шехбурлево крило21184488
14algЕлиас Бахнадесен бек00189090
15algРедуане Сакердесно крило010178675
16algЈахја Земучиголман00193490
17algБастиен Кермушелев бек00192098
18algХичем Каабешепивот661926100
19algОкба Енсаадпивот00188392
21algУсем Буџенахлево крило02185687
22algКалифа Гедбанеголман00198590
24algАбделмалик Слахџиголман00190088
25algСофијане Бенџилалипивот432004115
26algМоктар Курилев бек00194388
27algЈуцеф Бозолипивот00188091
28algНасим Белахченелев бек001900102
29algВаил Мелаземлев бек00190086
34algАбденур Хамушецентрален бек00189088
36algРахим Абделкадерцентрален бек15185678
44algМустафа Хаџи Садокцентрален бек415187686
56algАбдерахим Беријахдесен бек15195698
77algАриб Редалево крило18186482
87algАбди Ајублев бек236189686
98algАбделџалил Зенадипивот00195090
114algВалид Бадилев бек12190195
118algМохамед Амине Грибацентрален бек00188088

После 14 години пауза Мароко повторно е на Светско првенство кое го обезбеди како шестопласирана репрезентација на континенталното првенство на Африка. За нив најзначаен ќе биде натпреварот со Алжир кој има епитет на „африканско дерби“. Во својот седми настап Мароко ќе се обиде да го подобри впечатокот од претходните првенства кога најчесто завршуваше последните две-три позиции. Најдобар пласман Мароко имаше на првенството во 1997 година на 17. место. Клучни играчи на Мароко се Суфијан Идир (среден бек), Резуки Реида (десно крило) и Ријад Лакби (лево крило).

МАРОКО

#ИграчПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаНатпревариТежина
1marЈасин Идрисиголман011937103
7marРезуки Реидадесно крило232184683
8marАмине Бенталебцентрален бек516190788
10marМохамед Зароилицентрален бек324175770
12marАлае Ларусиголман00190795
13marХишам Хакимидесен бек64191695
15marЈунес Озрурпивот101925103
16marЏамал Уалиголман00193094
18marЛахен Белиманлев бек17191794
21marНасим Хамед Фуганидесен бек37183782
24marМохамед Езинелев бек017190785
27marСами Ламдакарцентрален бек00-3-
45marСуифане Идирцентрален бек00175075
46marАмин Харчауицентрален бек330187787
91marАшраф Адлипивот36191799
92marХасан Ел Кахрадилев бек13180775
93marРијад Лакбилево крило04178774
94marМехди Алауипивот105191786
95marХамза Мананелев бек00184082
96marЈусеф Ел Муадарголман00180182
97marСаид Ел Малкипивот001981100
99marНабил Сласипивот5111946120