СОСТАВИТЕ ПОЗНАТИ: Вујо направи три измени, ги нема Борко, Куни и Мартин (ФОТО)

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ се одлучи за три измени во тимот на Вардар за денешниот дуел против ПИК Сегед, а во составот за разлика од првата средба ќе ги нема Борко Ристовски, Стефан Атанасовски и Мартин Карапалевски, додека Куни Моралес и овој пат остана надвор од тимот.

Во составот се враќа пивотот Жереми Тото што е секако добра вест, додека нови имиња за разлика од натпреварот одигран минатиот четврток во Унгарија се Васил Гогов и Давид Савревски. Младите ракометари добиваат шанса да се најдат во тимот за овој силен натпревари и за нив ова ќе биде голем предизвик.

За разлика од Вардар во екипата на ПИК Сегед нема ниту една измена и Унгарците доаѓаат во Скопје со истите 16 ракометари со кои обезбедија победа на првата средба.

Натпреварот се игра во салата во СЦ „Јане Сандански“, а почетокот е во 20:45 часот.