Словачки арбитри ќе го судат мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг

Европската ракометна федерација ги објави арбитрите за натпреварите од петтото коло во Лигата на Европа.

Македонскиот претставник во ова натпреварување, Еурофарм Пелистер му гостува на Спортинг Лисабон, а тој меч ќе го судат словачки арбитри.

Станува збор за Михаил Бадура и Јарослав Ондогречула, додека делегат е Константин Дин од Романија.

Натпреварот меѓу Спортинг Лисабон и Еурофарм Пелистер се игра утревечер со почеток во 20:45 часот.