Се роди љубов во Олимпиското село – Мурињо „улови“ бразилска ракометарка (ФОТО)

Пред неколку дена Норвежанката Нора Мерк и Швеѓанецот Џери Толбринг објавија за нивната љубовна врска, а во Токио уште еден ракометен пар го направи тоа.

Станува збор за аргентинско – бразилска комбинација.

Аргентинскиот пивот Гастон Мурињо, кој е еден од подобрите играчи во составот на Маноло Каденас, ја „ќари“ бразилска репрезентативка Габриела Битоло.

Пивотот од Аргентина од следната сезона ќе игра во рускиот Таганрог, откако досега играше во Асобал лигата, додека Бразилката исто така игра во Шпанија, во дресот на Елче.